еМагазин
Image default
Македонија

100 нови кревети во болниците се пренаменуваат за ковид-пациенти, ќе се оперираат само итни случаи

Министерството за здравство информира дека во склоп на Клиничкиот блок „Мајка Тереза“ во Скопје и во ГОБ „8 Септември“ се зголемија капацитетите за хоспиталзација на пациенти со ковид.

„Пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети.

На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети.

Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршките интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.

Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата Св. Наум Охридски во Скопје.

Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети.

Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека во ГОБ „8 Септември“ ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид пациенти. Во болницата ќе се немали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни  операции и операции на малигни болести кои се неодложни.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека тече истрагата во Обвинителството за Клиниката „Жан Митрев“, неколку пациенти дадоа поддршка со лични искуства

Редакција

1.285 нови случаи на Ковид-19 од 3.404 тестирања, во Скопје 522

Редакција

Нема пациенти кои после прележувањето на Ковид-19 се во животозагрозувачка состојба, вели Филипче

Редакција