еМагазин
Image default
Балкан

11-годишно момче од Хрватска почина од Ковид-19: Што е Мултисистемски воспалителен синдром кој ја предизвика смртта

11-годишно момче од Хрватска е најмладата жртва на Ковид-19 во таа држава. Смртта настанала како последица од Мултисистемски воспалителен синдром.

Според пишувањата на јутарњи.хр, станува збор за исклучително опасен синдром кој ги погодува децата од 2 до 15 години, а кој бил детектиран лани во САД и Велика Британија кај деца заболени од Ковид-19.

Синдромото е сличен на токсичен шок и болеста кавасаки, и предизвикува воспалување на крвните садови по целото тело, кои пак може да го ограничат протокот на крв и да ги оштетат срцето, бубрезите и другите органи.

Најчесто се јавува во рок од четири недели по изложеност на вирусот. Станува збор за претерен имунолошки одговор на организмот и може да се случи и кај здрави деца, пишува Јутарњи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како на филм: Грчките медиуми објавија снимка од убиство на грчко-австралиски бизнисмен

Редакција

Опозицијата во Црна Гора бара Ѓукановиќ да се пријави на „Ѕвезде гранда“

Редакција

(Видео) Симпатизери на бугарската партија “Преордба“ која има 37 пратеници ја вандализираа зградата на Европската комисија во Софија

Редакција