еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

12 дена е во прекин железничкиот сообраќај во Македонија

Машинскиот и помошниот персонал во Железници – Транспорт, којшто е во бојкот со прекин на железничкиот сообраќај веќе 12 дена, денеска очекува исплата на вториот дел од платата за февруари.

Тони Димовски, претседател на Синдикат на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека вчера имале средба со раководството на железничкото претпријатие и оти им било речено дека ќе има исплата до 15 часот.

Од почетокот на бојкотот на 31-ви минатиот месец во 12 часот досега, потсетува, не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови.

– До вчера требаше да се исплатат и патните трошоци за март, но тоа не се случи, изјави Димовски, појаснувајќи дека бојкотот е организиран самоиницијативно и оти машинскиот и помошниот персонал е на работа, но не ги извршуваме работните задачи.

Во барањата на машиновозачите е и зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на ноќна работа за кондуктерите, како и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари испратиле барање до министерствата за транспрот и врски, и за финансии и до Владата.

МИА/Фото: Железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење, се вели во посланието на г.г Стефан

Редакција

Европскиот парламент со резолуција бара меѓународна истрага за наводните нерегуларности на изборите во Србија

Редакција

Теута Арифи позитивна на Ковид-19 иако е вакцинирана со две дози

Редакција