еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

12 лица починале од Ковид-19, дополнително пријавени уште осум

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица од Ковид-19: 6 од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 починати лица од Кочани (66г, 63г), по едно починато лице од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година.

Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Вкупниот број на починати е  6.589.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 412 случаи на Ковид-19, во Скопје 207

Убава вест: Оздравени 459 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство предложи одземање на пасошот за вториот напаѓач на Пендиков

Редакција

17 лица кои починале од Ковид-19 минатата недела биле вакцинирани со Синофарм

Редакција

Куќен притвор за маж кој преку Фејсбук му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци

Редакција