еМагазин
Image default
Македонија

14 декември не е реалистичен рок за постигнување целосен договор со Македонија, вели можниот нов бугарски министер за надворешни работи

Даниел Лорер од коалицијата „Промената продолжува“, кој се смета за најсериозен кандидат за министер за надворешни работи во новата влада во Софија, изјави за „БТВ“ радио дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор со Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Лорер ако биде оставена единствено историјата да ги движи преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, тоа нема да биде доволно добар резултат и двете страни.

Според Лорер, ќе бидат отворени и дополнителни дискусии во однос на економскиот напредок меѓу двете земји.

– Почитувањето на правата на македонските Бугари е од првостепено значење, рече тој и посочи дека претстојат преговори врз база на факти, а не на шпекулации доколку тие права биле повредени.

А разговорите за историјата ќе се движат напоредно, така што и Софија и Скопје ќе бидат задоволни, додаде Лорер.

Тој оцени дека заедничката историска комисија меѓу Скопје и Софија не предлага напредок и двете страни се чувствуваат незадоволни од тоа што се случува и треба да биде пронајдена нова формула. Нејзина функција, вели тој, треба да биде за да помага, но не да биде и единствена во тој процес.

Лорер додава дека спорот бил длабок и тие дискусии треба да го поминат својот пат и тоа се случува меѓу сите соседни народи на Балканот.

– Патот, не само на Северна Македонија, туку и на Албанија и останатите земји од регионот е кон ЕУ и Бугарија би сакала кога Северна Македонија ќе влезе во тој процес, дека тоа ќе се случува без правата на македонските Бугари да бидат повредени.

Но, од друга страна, треба да има економска програма, што ќе ја обезбеди економската благосостојба и ние имаме доста конкретни планови, тоа да се случи, рече тој.

На прашањето дали ќе биде предложен за министер за надворешни работи на Бугарија, Лорер ниту демантираше, ниту потврди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И јануари е опција за старт на преговорите со ЕУ, вели Димитров

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кошкање има во секоја фирма, вели директорот на М-НАВ за упадот во Контрола на летање и нема да поднесе оставка

Редакција

Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 775

Редакција

Здравствен центар Врање: Одобрено е давање трета бустер доза на вакцина за македонските државјани

Редакција