еМагазин
Image default
Балкан

14-годишeн ученик убиен во Приштина, во близина на училиштето каде учело

Дете на 14-годишна возраст е убиено утрово во Приштина, во близина на училиштето во кое учело, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовската полиција потврди дека ученикот на 9-то одделение, со иницијали Р.Х., во основното училиште „Хилми Раковица“ во приштинската населба Врањевац починало како последица на повреди здобиени од остар предмет (нож).

Засега нема официјални информации за уапсени лица, но телевизијата Т7 јави дека едно малолетно лице е приведено во полиција во врска со случајот.

На местото на настанот, во близина на училиштето каде што се случи убиството, излегоа надлежни екипи на полицијата и обвинителството, како и претставници на Министерството за образование.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајден во честитка побара од Вучиќ признавање на Косово, српскиот претседател не остана должен

Редакција

(Фото) Објавени детали за жената која кај Прешево ја рани маж од Тетово, кој се самоуби

Редакција

Турција до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Редакција