еМагазин
Image default
Балкан

Бајден во честитка побара од Вучиќ признавање на Косово, српскиот претседател не остана должен

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден во честитка до спрскиот претседател Александар Вучиќ по повод Денот на државноста на Србија ја потенцира потребата за меѓусебно признавање со Косово.

„Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европска интеграција. Ве охрабруваме за воведување на потребните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање“, пишува во честитката на Бајден.

Вучиќ јавно одговори дека меѓусебното признавање не е наведено во ниту еден акт на која било светска организација, ниту во ЕУ, ниту во која било резолуција.

„Разбираме дека тоа е американска политика. Постоеа обиди да се наметне таа фраза како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение. Им кажав лично во Белата куќа што мислам за меѓусебно признавање и мојот одговор нема да биде поинаков.

Какви честитки би можел да испратам за Денот на независноста на САД, многу идеи ми паѓаат на ум, но мојата улога е да ги штитам интересите на Србија“, изјави Вучиќ.

Фото: Фејсбук/Претседател на Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас во средината на јануари ќе одлучи кога Преспанскиот договор ќе влезе во грчкиот Парламент

Редакција

Триесетгодишен македонски државјанин се удавил кај Дубровник

Редакција

Градоначалникот на Лерин им препорачува на неговите сограѓани да ги ограничат патувањата во Македонија

Редакција