еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

15 високи полициски функционери добија отказ оти незаконски издавале дозволи за оружје

Петнаесет високи полициски функционери добија отказ, оти незаконски издавале дозволи за поседување оружје, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

На прес-конференција Тошковски меѓудругото рече дека лично до него и кабинетот стигнале претставки од граѓани за начинот на кој во Министерството за внатрешни работи биле спроведувани постапките за издавање на дозволи.

„По извршена темелна истрага од страна на Комисија која спроведе ревизија за претставките, се констатираше дека кај огромен број на предмети, над 5.000 предмети не било постапувано во минатото, а притоа, голем број предмети кадешто апликантите не исполнувални услови им била давана дозвола за оружје“, рече Тошковски.

Тој објасни дека селективно се постапувало само за предмети за кои интерес имал конкретен полициски функционер да даде наредба, а тоа не се правело хронолошки.

Вториот проблем се однесувал на конкретни лица кои не поседувале законски услови кога им биле давани дозволите.

Министерот најави и кривични пријави за оние за кои постојат докази дека сториле кривично дело, а за решавање на проблемот создадена е дигитална алатка која ќе овозможи неселективен и системски пристап кон дозволите за поседување на оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се одржа фестивал на младо вино на Тиквеш: Да наздравиме за посреќна иднина

Редакција

Сведокот Аземи преку видео-врска од Германија треба да сведочи за случајот „Титаник 3“

Редакција

До 12 февруари 2024 мора да се сменат регистарските таблички со „NMK“

Редакција