Синоќа 16-годишно девојче од Струмица падна во провалија во близина на манастирот „Свети Илија“.
Истото е извлечено од таму и со повреди на главата е префрлено во струмичката болница
За несреќата на телефонскиот број 112 на Центарот за управување со кризи (ЦУК) пријавила и нејзината мајка.
Претходно девојчето се јавило на истиот број, но не знаела точно да ја утврди локацијата каде е падната, а истата ја утврдиле операторите на ЦУК, информираа од таму.
Во акцијата за нејзиното извлекување учествувале СВР Струмица, Противпожарните екипи на Струмица и Итната медицинска помош од Струмица.
Фото: „Комуналец“ Струмица
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.