еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

16 трговци не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки

Шестнаесет трговци не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата според која лебот, маслото за јадење и брашното треба да се продаваат по набавна цена, а дел од останатите прехранбени производи по намалени маржи.

Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска во изјава за МИА вели дека во петокот и саботата се извршени 162 инспекциски надзори, при што се изречени мерки против 33 трговци.

Од нив, 16 трговци не ја почитувале одлуката, а кај 17 трговци на лице место не е најдена потребната евиденција во трговијата.

Во однос на информациите дека одредени маркети го ограничувале количеството на прехранбени производи што можат граѓаните да ги купат, Симеска-Димоска вели дека во саботата имаат констатирано такво нешто и дека е поднесен поднесок за нечесно пазарно однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најава за намалени цени, но што утврдивме на терен: Трговците ја ограничија продажбата на производи

Од Пазарниот инспекторат најавуваат дека контролите продолжуваат и денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум супермаркети казнети по 7.000 евра, бидејќи не ги почитувале одлуките на Владата

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца повозрасни македонски туристи се удавиле на плажата Спиле, кај Драч

Редакција

Македонија близу до 2.000 починати од Ковид-19

Редакција

Бројот на жртвите од земјотресот во Турција и Грција се зголеми на 81

Редакција