еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

19 лица приведени на фестивалот во Дојран поради пронајдена дрога

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 29.06., 30.06. и 01.07.2024 година, за време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С. (29) од Струмица, Д.Ш. (24) од Гевгелија, Ј.Р. (23) од Скопје, К.В. (24) од Куманово, А.А. (32) од Струмица, Д.А. (34) од Скопје, Г.И. (46) од Скопје, Ј.Б. (32) од Гостивар, В.Г. (18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П. (18) и К.Ц. (18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М. (47) од Скопје, Ф.И. (19) од село Удово, валандовско, Б.С. (23) од село Батинци, скопско, Д.З. (23) од Скопје, А.А. (30) од Валандово, Н.А. (18) од Скопје, С.П. (20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин.

При преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети. За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку 40 жртви во Израел по нападот на Хамас

Редакција

Ирена Јакимовска и Анита Блажевска нови подпретседатели на Стопанската комора

Редакција

„Оне.Вип“ го доби тендерот на МРТ за мобилна телефонија вреден 2,2 милиони денари

Редакција