еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми кои добиваат струја од РЕС

Дел од фирмите кои се снабдуваат со струја од снабдувачот РЕС, за три месеци заштедија 2,8 милиони евра споредено со сумата што ќе ја платеа доколку обезбедуваа струја од други добавувачи, коишто ја фактурираат обезбедената енергија само по HUPX формула, информираат од компанијата.

40 фирми, кои одбраа т.н. комбиниран пакет за снабдување со електрична енергија, во јули, август и септември добија сметки за електрична енергија кои се во просек за 15-30% пониски во споредба со берзанските цени.

РЕС им гарантира на овие фирми дека 35% од испорачаната енергија ќе биде по фиксна цена и дека таа нема да се менува без оглед на растот на берзите. Тоа е количината на електрична енергија која РЕС ја обезбедува од електраните од обновливи извори на неговите основачи, македонската Централ Инвест во сопственост на Кочо Анѓушев и бугарската Toki Power, како и од други производители на обновливи извори на енергија од Македонија кои енергијата ја предаваат на РЕС.

Со тоа, корисниците добиваат предвидливост за дел од трошоците и значајна контрола врз издатоците за електрична енергија.

Македонската компанија РЕС (Reneweble Energy Supply) се занимава со трговија на електрична енергија и започна да работи од февруари 2022 година. Во моментот, преку различни понуди, снабдува вкупно 160 компании.

Од нив, една третина се од прехрамбената индустрија, една третина од информатичко-комуникациските технологии и од метална и електро индустрија, додека со останатата енергија се снабдуваат и фирми од здравство и фармација, енергетскиот сектор, трговски компании, од градежната индустрија, финансискиот сектор и др.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕБОР за годинава ни предвидува најмал раст на економијата во регионов од само 2%

Редакција

Томислав Димовски предложен за член на Надзорниот одбор на „Реплек“

Редакција

„Да се тврди дека нечиј идентитет е вештачки, фалсификат е неписмено,“ вели Димитров за изјавата на Радев

Редакција