еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

20 месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, компанијата доби четиригодишна забрана за работа

Сопственикот на компанијата „Беса транс“, Беким Хаџиу, доби една година и осум месеци затвор за несреќата на автобусот на компанијата во Бугарија, на 23. ноември 2021 година во која загинаа 45 лица, од кои 12 беа деца.

Компанијата „Беса транс“ пак доби четиригодишна забрана за вршење дејност.

За оваа првостепената пресуда за случајот „Беса транс“ на Основниот кривичен суд Скопје, судијата Ивица Стефановски рече дека сопственикот и превозникот се виновни, бидејќи знаеле, а немале извод од лиценца која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски. Превозникот ја поминувал границата со лажен документ.

Застапникот на обвинението, обвинителот Владимир Милошевски, рече дека автобусот 20 пати преминал со фалсификувана лиценца на граничните премини во 2021 година, а 10 пати поминал на „Деве Баир“ и возел на релација од Скопје кон Истанбул.

Адвокатот на сопственикот и компанијата најави дека ќе се жали на пресудата, бидејќи смета дека ова кривично дело не е поврзано со несреќата која се случи во Бугарија.

Судскиот процес за причините за несреќата се води и во Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како вакцинираните и тие што прележале Ковид-19 да обезбедат потврда

Редакција

Убава вест: Оздравени 32 пациенти од Ковид-19

Редакција

Ќе има ли „нуклеарки“ или само „димни бомби“ до крајот на кампањата?

Редакција