еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

21-годишно момче од Богомила осомничено за убиство на 60-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донел наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за кривично дело „убиство“.

Осомничениот, како што информираат денеска од Јавното обвинителство, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице.

-Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите.

Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.​​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Скопје и Атина демантираат дека во ООН се подготвува анекс на Договорот од Преспа

Редакција

Кривична за полицаец од Битола за семејно насилство

Редакција

Од Ковид-19 починати 15 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција