еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

21 починато лице од Ковид-19, дополнително пријавени уште петмина

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 21 починато лице од Ковид-19: 10 починати лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г), по 2 починати од Тетово (66г и 79г), Велес (74г и 83г) и по едно починато лице од Гевгелија (82г), Кавадарци (52г), Крива Паланка (74г), Куманово (81г), Македоснка Каменица (88г), Охрид (74г) и Струмица (57г).

Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови.

Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г.  Починати се во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на починати е 8.266.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 2.341 случаи на Ковид-19, реинфекции се 308, еден случај е зараза по третпат

Убава вест: Оздравени 1.470 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Штип ќе бидат затворени пет конфекции, 600 луѓе ќе бидат ставени во самоизолација

Редакција

Курти крева духови на немир во Македонија и на југот на Србија, вели Вучиќ и посетата ја оценува како „скандал над скандалите“

Редакција

Судењето за „Титаник“ на СЈО продолжува во среда

Редакција