еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

23-годишно момче загина во сообраќајката на патот Охрид-Ресен

Во вчерашната сообраќајка на патот Охрид-Ресен загина 23-годишното момче П.Т. од битолското село Горно Оризари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Eдно лице загина во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Несреќата се случила во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост“ на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица.

Момчето кое управувало мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички се судрило со автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А. (68) од Турција.

Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО ги повика сите земји да гo засилат тестирањето за корона вирусот

Редакција

Бидете внимателни при посетите на Водно: Зголемен ризик од пожари заради високите температури

Редакција

Кривична за полицаец од станицата Бит Пазар кој допирал по тело жена

Редакција