еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Standard and Poor’s“: Успешно решение за името би било „бинго“ за Македонија

Агенцијата „Standard and Poor’s“ соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ-/Б, со стабилен изглед. Според извештајот, како што информира Министерството за финансии, политичката неизвесност е намалена со зајакнувањето на парламентарното мнозинство, што би требало да ја олесни имплементацијата на реформите.

Извештајот нотира дека е направен напредок во неколку приоритети, истакнувајќи го подобрувањето на фискалната транспарентност. Исто така, се забележува напредокот во решавањето на спорот со Грција околу името. Притоа, “Standard and Poor’s” нотира дека постои неизвесност околу референдумот и понатамошната собраниска постапка, и дека евентуалниот неуспех би можел да резултира со нова политичка криза во Македонија.

Од друга страна, успешното разрешување на проблемот со името би го отворил патот за преговори за членство во ЕУ и НАТО.

Ова би имало долгорочни економски придобивки како резултат на имплементирањето на реформите во текот на преговорите, како и придобивки од подобрената доверба на инвеститорите и приливите на странски инвестиции.

Според извештајот, после стагнацијата во 2017 година, забележан е засилен економски раст од 3,1 отсто во вториот квартал и покрај падот на инвестициите, што укажува на силни перформанси во останатиот дел на економијата. Се очекува дека растот на среден рок ќе изнесува околу 3 отсто, при позитивен придонес на јавните и приватните инвестиции како одраз на подобрената политичка стабилизација, а се очекува и позитивен придонес од нето-извозот. Понатаму, се очекува дека буџетскиот дефицит во 2018 година ќе биде во линија со таргетот на Владата од 2,7 проценти.

“Standard and Poor’s”го оценува јавниот долг на Македонија како умерен во глобален контекст. Притоа, после подолг период на раст во минатото, се оценува дека во наредниот период долгот постепено ќе се стабилизира, и ќе изнесува 48,8 проценти во 2021 година (државниот долг и долгот на ЈПДП). Притоа, оваа оценка го одразува очекуваниот буџетски дефицит, но и растечкиот долг на ЈПДП, како и подмирувањето на неплатените обврски.

“Standard and Poor’s” наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку реформите се имплементираат навремено и се постигне понатамошен напредок во разрешувањето на проблемот со името, и ова води кон подобри економски перспективи и зголемување на веројатноста за членство во ЕУ. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вон-буџетски активности кои би ја довеле во прашање оддржливоста на јавниот долг.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најлоша варијанта досега: Во Јужна Африка откриен нов опасен сој на Ковид-19, СЗО свика итен состанок

Редакција

Термалните камери на скопскиот аеродром досега не регистрирале сомнителен случај со корона вирус

Редакција

Македонците најдоа “лек“ за новите цени – Диазепам

Редакција