еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

23-годишно момче од Битола се обидело да силува две битолчанки

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник, осомничен за две кривични дела полов напад и силување.

„Против осомничениот е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9. септември и на 7. ноември годинава, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира.

Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот.

Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од судот е прифатена“, информираше Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мај комерц-Леар“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на гумени транспортни ленти вреден 767.000 евра

Редакција

Поради лошите временски услови, Пиволенд во Скопје презакажан за 3 септември

Редакција

Починаа осум лица од корона вирусот, меѓу нив пациенти на 34 и 45 години

Редакција