еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

25-годишна девојка од Битола удрена од пијан возач во Скопје

На 02.03.2025 година околу 00.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола, иформираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Со возило на Итна медицинска помош Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка.

По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков слободно може да се шета во Монако, велат од Кривичен, целосно е ослободен

Редакција

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на ОН

Редакција

Апелација одлучи: Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор

Редакција