еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

26-годишник со возило усмрти велосипедист

Денеска, во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В. (26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К. (78) од Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневна кражба: Ограбени четири контејнери со стока од меѓународен воз

Редакција

Кои улици ќе бидат затворени поради Советот на ОБСЕ: Денеска и утре, посебен сообраќаен режим

Редакција

(Фото/видео) Борисов снимен во спална, а покрај него пиштол, евра и злато

Редакција