еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

28-годишник го демнел градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, доби притвор

28-годишен жител на Неготино го демнел градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов и заработи притвор, информираа од Основното јавно обвинителство Кавадарци.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 28 -годишен жител на Неготино за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Демнење согласно член 144-а став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 12.09.2024 до 25.02.2025 година осомничениот, преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на Неготино, постојано испраќајќи му текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина во обид да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка.

Имено, против сега осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник.

Наспроти ваквите мерки определени од Судот, осомничениот продолжил да го контактира градоначалникот и да му се заканува, предизвикувајќи кај него чувство на несигурност, вознемиреност и страв за неговата и за сигурноста на неговите блиски.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Судот во Неготино го прифати предлогот и со решение определи притворска мерка за осомниченото лице, информираат од таму.

Фото: Фејсбук/Стојанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Новиот BMW Серија 2 Active Tourer пристигна во Македонија, подготвен за патувањето наречено живот

Редакција

Колкави примиња имале лани Фатмир Етеми, Сава Димитрова, Ванчо Чифлиганец, Таки Фити, членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Редакција

Кирил Пецаков кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид

Редакција