еМагазин
Image default
Македонија

Кирил Пецаков кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид

Актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, стоматологот Кирил Пецаков, ќе биде кандидатот на најголемата опозициска партија за градоначалник на Охрид на престојните Локални избори, предвидени да се одржат во октомври.

Името на кандидатот за градоначалник на Охрид го соопшти Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека се работи за личност позната на охриѓани, и како лекар и како спортист.

-Наш фаворит за Општина Охрид ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков, којшто бил и советник во Општината Охрид, добро познат на граѓаните, си ја извршувал совесно својата должност, познат е и помеѓу лекарите како стоматолог, познат е и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека тој е човек кој може да го врати сјајот на Охрид, кој во овие неколку години, за жал, го изгуби, дури се најде и на црвената ризична листа на УНЕСКО.

Гледаме предност на Кирил Пецаков во однос на актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од СДСМ, затоа што тој има селективен пристап кон охриѓани. За некои охриѓани тој е човек кој руши дивоградби, а за други кои се моќни, кога треба да им руши нешто на нив, вели дека стравува за неговиот живот и таквиот селективен однос ги прави нерамноправни граѓаните на Охрид, истакна Милошоски.

Пецаков со години е член на ВМРО-ДПМНЕ, а од Унијата на млади стана претседател на Општинскиот комитет во Охрид. Тој е поранешен советник во Општина Охрид и меѓу поактивните членови на партиската парламентарна група во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ги објави првите 30 кандидати за старо-ново градоначалници за претстојните локални избори

Фото: Фејсбук/Пецаков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милошоски: Камбовски е во тие 97% што не го прочитале договорот

Редакција

Пожарот на Галичица се спушти на 1.600 метри надморска височина, во гаснењето се вклучи хеликоптер

Редакција

Зоран Верушевски доби обештетување од 1,7 милион денари од државата за притворот за „Пуч“

Редакција