еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави примиња имале лани Фатмир Етеми, Сава Димитрова, Ванчо Чифлиганец, Таки Фити, членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Во 2020 година, согласно Законот за банките и Статутот на Банката, Надзорниот одбор функцијата ја остваруваше во состав од 7 члена – Сава Димитрова – независен член и претседател, Таки Фити – заменик-претседател, Горан Антевски – член, Сашо Наумоски – член, Александра Максимовска Стојкова – независен член, Ванчо Чифлиганец – член и Фатмир Етеми – член, информираат од Комерцијална банка во Годишниот извештај за работењето за минатата година, објавен преку Македонската берза.

Банката во извештајот освен месечните примиња на членовите на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, за членство во Одборот, традционално ги објавува и годишните примања на членовите во другите компании или места каде што работат.

“Членовите Сава Димитрова и Александра Максимовска Стојкова се независни членови на Одборот.

При изборот на независните членови во целост се испочитувани критериумите за независност утврдени со Законот за банките.

Независните членови и со нив поврзаните физички лица, не се вработени, ниту се лица со посебни права и одговорности во Банката, не се акционери со квалификувано учество во Банката, ниту застапуваат акционер со квалификувано учество во Банката, не работат, односно во последните три години не работеле во друштво за ревизија кое во тој период вршело ревизија на работењето на Банката и во последните три години немале материјален интерес или деловен однос со Банката во вредност која просечно надминува 3.000.000 денари“, стои во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите акционери во Комерцијална банка

Комерцијална банка донесе одлука за исплата на дивиденда, ќе ја исплати откако ќе престане ограничувањето од Народна банка

Акционери на Комерцијална банка контра Народна банка: Од Уставен суд си ги бараат дивидендите

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Во болницата „Жан Митрев“ има 10 апартмани од кои два луксузни

Редакција

(Видео) Загина 14-годишно момче кога автомобил влета во група марокански навивачи: Хаос по мечот Франција-Мароко

Редакција

Ќе се преиспитува договорот за спроведување на проектот за пругата Куманово-Бељаковце

Редакција