еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка донесе одлука за исплата на дивиденда, ќе ја исплати откако ќе престане ограничувањето од Народна банка

Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2021 година го одржа своето редовно Годишно собрание на кое акционерите учествуваа и гласаа преку писмена кореспонденција, a со цел почитување на мерките за спречување на ширење на Ковид-19, информираат од Банката преку Македонската берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави примиња имале лани Фатмир Етеми, Сава Димитрова, Ванчо Чифлиганец, Таки Фити, членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

“Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2020 година со бруто-добивка во износ од 2.067,1 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 155,1 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 1.911,9 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.911,9 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 60% од номиналната вредност на акцијата, односно по 600 денари на една акција.

Исплатата на дивиденда ќе започне по истек на дваесет дена од денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето од НБРСМ за распределба и исплата на дивиденда за 2020 година.

Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 294,5 милиони денари да се издвои во резерви.

Исто така, дел од добивката во износ до 250 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2021 година.

Акционерите донесоа одлука и задржаната добивка од 2018 година во износ од 323 милиони денари да се прераспредели во резерви на Банката.

Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2020 година, како и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза во 2020 година“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акционери на Комерцијална банка контра Народна банка: Од Уставен суд си ги бараат дивидендите

ФЗЦ „11 Октомври“ оди под залог кај Комерцијална банка за кредит од осум милиони евра

Хари Костов купи 500 акции на Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ се јавиле на тендерот за субвенции за нови летови

Редакција

Владата ги замрзна цените на лимонот, портокалите, мандарините, грејпфрутот и клементината

Редакција

Фабрика Карпош со добивка во првото полугодие

Редакција