Познато е колку Комерцијална банка АД Скопје нуди за сите акции со право на глас на Стопанска банка АД Битола.
Од Комерцијална преку Македонска берза информираа дека Банката нуди 3.500 денари за една акција.
Од таму информираат и дека Народната банка и издала претходна согласност за стекнување на 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола.
Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции, што значи дека доколку се прифати понудата Комерцијална за сите акции ќе треба да плати 1,25 милијарди денари или 20,3 милиони евра.
Комерцијална најави спојување со Стопанска банка Битола пред околу една година, а во периодов Банката ја скенираше финансиската состојба на Стопанска банка Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална и Стопанска банка Битола пред спојување