еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 за 24 часа починале 9 лица, дополнително пријавени уште 7

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале девет лица од Ковид-19: 5 починати лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на починати е 6.646.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште седум починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година.

Починатите лица се по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години.

Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 454 случаи на Ковид-19

Убава вест: Оздравени 308 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 101 лице кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Во Израел откриен непознат сој на коронавирусот

Редакција

Кој е Огнен Костовски, новиот директор на Клиниката за дигестивна хирургија

Редакција