еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

САД воведоа 33% царини за увоз од Македонија

САД воведоа царини за увоз од Македонија, кои според објавените табели за „реципрочни тарифи“, кои вчера ги презентираше американскиот претседател Доналд Трамп,ќе изнесуваат 33%.

Вчерашниот ден Трамп го прогласи за „Ден на ослободувањето“. Пораката која ја испрати е дека сака да и ги врати парите на неговата земја со воведување царини кои ќе ја стимулираат американската економија.

Воведените стапки се движат од 10% до 49%, за Европската Унија тие се 20%, за Кина 34%, за Јужна Кореја 25%, за Јапонија 24%, за Тајван 32%, за Велика Британија 10%.

Од земјите во Западен Балкан, со повисоки царини од Македонија се Босна и Херцеговина со 35% и Србија со 37%. Царините за Косово, Албанија и Црна Гора се 10%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царините на САД за Европа, ќе го намалат растот на економијата и ќе ја зголемат инфлацијата

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цензусот најголем непријател на Силјановска и Пендаровски, а „побратим“ на Талат Џафери

Редакција

Предлог-законот за 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училишта стигна во Собрание

Редакција

ЗНМ, ССНМ и СЕММ предлагаат даночни олеснувања за онлајн и традционалните медиуми

Редакција