еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Предлог-законот за 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училишта стигна во Собрание

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, чии предлагач е Владата, стигнаа во Собрание.

Една од главните измени во новото законско решение, „со цел заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст“, е предлогот уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основни и средни училишта.

На овој предлог во изминатиов период во неколку наврати реагираа обложувалниците, од каде посочија дека тоа ќе значи губење на работни места, но и помалку пари за државниот буџетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АСОМ: Строго се почитува забраната за малолетници од законот за игрите на среќа – дистанцата од 500 метри е нелогична и неприфатлива

Постојниот закон за игрите на среќа и за забавните игри уредува дека со една лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница приредувачот може да отвори неограничен број на уплатно-исплатни места, а со една лиценца за приредување на игри на среќа во автомат-клуб, исто така, се отвораат неограничен број на деловни простории.

Со цел да се намали неограниченото отворање на уплатно-исплатните места кај обложувалниците, односно на деловните простории кај автомат клубовите, а со тоа и да се оневозможи лесниот пристап на населението до игрите на среќа, со новото законско решение се предлага и воведување на ограничување на бројот на уплатно-исплатни места на обложувалниците, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат-клубовите што се отвораат со една издадена лиценца.

Целото законско решение ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за катастар нa недвижности на привремени вработувања ќе потроши 6,8 милиони денари

Редакција

Анализа на Харвард: Корона вирусот слабее на топлина, но ќе има втор бран

Редакција

Обвинение за двајцата насилници во автобусот на ЈСП кои се закануваа на жена дека ќе ја „стават во киселина“

Редакција