еМагазин
Image default
Забава

Нов сингл на групата Љубојна, со наслов „Јас и ти”

После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот „Љубојна” повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика.

Овој пат со новата песна „Јас и ти” на Вера Милошевска, со која песна Вера, со голем успех навлегува и во кантавторските води. Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми.

Музиката и текстот се на Вера Милошевска, аранжманот на Оливер Јосифовски, а продуцент е Мите Димовски, студио „Тра ла ла”.

Фото: Фејсбук/Љубојна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Седи си дома со Милчо“: Сите филмови на Манчевски на МРТВ „против“ корона вирусот

Редакција

Кајли Џенер го „урна“ интернет: Деколтето ја засени новата боја на косата

Редакција

(Галерија) Твитер календар за 2019: Секси и со вкус

Редакција