еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

34-годишен маж од Тетово со закана со нож силувал малолетник, доби 30 дена притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираа од таму.

-Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете родено 2010 година, по што избегал.

Детето исплашено од заканите на осомничениот кажало за настанот само на еден другар, се до 04.02.2025 година кога дознал братот на жртвата и веднаш пријавил во полиција.

По предлог на јавниот обвинител, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно прием и испраќање мали пакети и препорачани пратки за САД, информираат од Пошта

Редакција

Груевски вели дека имот кој му го заплени државата не бил негов

Редакција

Богов: Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“

Редакција