еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

40 степени и УВ индекс 9, и за викендов

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Според прогнозите на синоптичарите, нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради шкто времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло.

Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 24 лица од Ковид-19, вкупно до сега 3.388

Редакција

(Видео) Ужасна трагедија во Словачка: Во сообраќајна несреќа загинаа најмалку 13 средношколци

Редакција

Постојат шанси за влез на Алијансата за Албанците во Владата, потврди Ковачевски

Редакција