Макпетрол АД Скопје го објави финансискиот извештај за работењето во првите шест месеци, а во него меѓудругото стои дека во јули Друштвото, по одлука на Управниот одбор, на вработените им исплатил регрес за годишен одмор во нето-износ од 42.000 денари по вработен, за што вложил 89,8 милиони денари.
-Вработените, кои се основната сила и движечката енергија на Друштвото, со својата посветеност се заслужни за континуираниот успех и за задржувањето на лидерската позиција на Макпетрол.
Друштвото постојано инвестира во развојот на своите вработени, како и во обезбедувањето безбедни и здрави услови за работа.
Истакнатиот труд и посветеност, исклучителната работна етика и силната тимска работа беа наградени со распределба во јуни 2024 година на вкупно 120 милиони денари од годишната добивка за 2023 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макпетрол ја зголеми добивката за 42,71%
„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година