еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

44-годишна жена од валандовско смртно прегазена во струмичко

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред селото Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М. (46) од селото Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С. (44) од селото Јосифово, валандовско.

-По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно дојави за бомби во скопски училишта

Редакција

Иселеници во Австралија тешко повредени во сообраќајка во Македонија

Редакција

Комитет на Европарламентот прифати петиција за поддршка на Македонија и македонското малцинство во Бугарија

Редакција