еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

45-годишна жена почина од грип, шести починат пациент во последните недели

Директорката на Клиника за инфективни болести, Милена Стевановиќ денеска информираше дека од грип починала 45-годишна жена, која е шести починат пациент од грип во последните недели.

Стевановиќ дополни дека жената била со сериозни ризици за тешка болест, обезна со дијабетес, хронична опструктивна белодробна болест, со хипертензија.

„Тоа се карактеристики на пациент кој може да има многу тешка форма на грип. Бројките на случаи со грип растат, очекувано. За кратко време ќе го постигнеме пикот. Бројките со ковид се пониски.

Дневно во амбулантата со грип поминуваат меѓу 60 и 100 пациенти. Добро е што формите се лесни, може да се лекуваат дома, но секогаш ќе има пациенти кои ќе манифестираат тешка клиничка слика на грип,“ изјави Стевановиќ.

Во моментот седум пациенти со грип и шест пациенти со Ковид-19 се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Комисијата за заразни болести апелира да се вакцинираат особено луѓето кои се во ризичните групи, постарите граѓани над 60 години, бремените жени, луѓето со хронични болести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрана на посета и задолжително носење маски во болници и во домовите кои згрижуваат стари лица

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бугарски свештеник фрли клетва на Зеленски и “западните сатанисти“

Редакција

(Видео) Сите детали за озон терапија со машина за вонтелесен крвоток во Клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Владата на ЕСМ ѝ одобри 2,9 милијарди денари за справување со кризата со струја

Редакција