еМагазин
Image default
Македонија

45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани.

Во државата, како што соопшти Министерството, вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

-Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега 398.243 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk, информираат од Министерството.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи, како што посочуваат, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанчев го откажа протестот пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се протестира „онлајн„

Редакција

Само 11% од заболените од Ковид-19 во Македонија завршиле во болница

Редакција

Богдановски од ДОМ поднесе оставка, СДСМ со пратеник плус во Собранието

Редакција