еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

46 загинати во несреќата во Грција, непознат бројот на исчезнатите патници, железничарите штрајкуваат

Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, според официјалните податоци од Противпожарната служба.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција, Василиос Ватракојанис информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа продолжува и денеска, а во моментов активностите се насочени кон вагонот- ресторан, кој поради јачината на судирот бил згмечен од првиот вагон.

– Се отстранува патничкиот вагон што е врз него, а потоа ќе се отстрани компресираниот вагон-ресторан што е во форма на буквата „Г“. Од овој вагон утринава се извлечени вкупно седум јагленосани тела. Потврдениот број на загинати во овој момент е 46, рече Ватракојанис.

Објасни дека за продолжување на акцијата за пребарување и спасување ќе треба да се пресечат метали со специјални машини и делумно да се отстранат метални елементи и процените се дека конкретниот вагон до пладне ќе се отстрани, а за останатите ќе биде неопходно операцијата да продолжи утре.

Целата операција се води под тешки услови, а повремениот дожд дополнително ја отежнува акцијата.

На социјалните мрежи, од синоќа се објавуваат фотографии на студенти – патници во возот за кои нивните семејства бараат помош и било какви информации.

За железничката несреќа веќе е уапсено едно лице, 59-годишниот шеф на железничката станица, кој се чини, според грчките медиуми, дека признал дека направил грешка во насоките што им ги дал на машиновозачите и на патничкиот и на товарниот воз, што резултираше со директен судир.

Се очекува, во текот на денешниот ден, уапсениот да биде изведен пред истражен судија и обвинител.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера, по враќањето од местото на несреќата рече дека „се чини дека драмата се должи, за жал, главно на трагична човечка грешка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По железничката несреќа, министерот за транспорт на Грција поднесе оставка

По оставката на министерот за транспорт и инфраструктура Костас А.Караманлис, кој ја презеде политичката одговорност, на негово место, до изборите, доаѓа досегашниот државен министер Јоргос Герапетритис, а Мицотакис најави дека од него побарал формирање независна експертска комисија, која „целосно ќе ги испита причините за несреќата, но ќе ги разгледа долгогодишните доцнења во реализацијата на железничките проекти“.

Федерацијата на вработените во железницата за денеска закажа 24-часовен штрајк, со што ќе биде во прекин железничкиот сообраќај, а во знак на солидарност на штрајкот се придружија и вработените во атинското метро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 43 загинати во железничката несреќа во Грција, масовен протест во Атина

Поради трагедијата кај Темпи, вчера во Атина се одржа протест пред зградата на „Hellenic train“ каде што се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата, а и за попладнево е закажан нов собир.

Во Грција денеска е втор ден на жалост, а земјата живее една од најголемите железнички трагедии во последните 50 години.

МИА/Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Средба Ковачевски – Ескобар: САД се за итно решавање на прашањата со Бугарија и за брз старт на преговорите со ЕУ

Редакција

Американската војска ќе вежба на Криволак

Редакција

Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…

Редакција