еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

47-годишна жена почина од труење со пестицид, сопругот и свекрвата завршија во болница

Жена на возраст од 47 години од Скопје почина како резултат на акутно труење со пестицидот Метомил, попознат како Ланате, а сопругот и свекрвата завршија во болница.

И двајцата се во тешка здравствена состојба.

Тие се затруле од пита со праз која ја подготвила бабата, а случајот со труењето е пријавен во МВР на 17. октомври.

За случајот на Фејсбук се огласи и докторот Нико Беќаровски, откако во јавноста се прошири информацијата дека причина за труењето се празот и брашното.

-За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труењето и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), попознат како Ланате, не е ниту “прсканиот праз”, ниту брашното во питата.

Инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек.

Повеќе информации барајте од МВР.

Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата, напиша тој.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 200 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција

Караџовски: Сите сме во опасност, од Ковид-19 може да почине и човек без хронично заболување

Редакција

Јосиф Попов е пронајден, мајка му вели дека бил заведен од секта

Редакција