еМагазин
Image default
Локално

51-годишен жител на Старо Нагоричане починал додека извршувал градежни активности на куќа

Педесет и едногодишен жител на Старо Нагоричане починал изведувајќи градежни активности на покрив од куќа, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 14:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на покривот од куќата, паднал М.К.(51) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото, информираше полицијата.

Полицијата извршила увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Момче починало по удар од гром во скопско

Редакција

Штип обезбеди материјал за 20.000 заштитни маски, ќе добијат и текстилните работнички

Редакција

Измамена штипјанка: Им дала пари за заедничка куќа, ја сместиле во „шупа“

Редакција