еМагазин
Image default
Локално

Тетовец се обидел да прегази полицајци, по што избегал

Тетовската полиција бара 41 годишник кој ноќеска побегнал при запирање на неговото возило на автопат, а при тоа според информациите на СВР Тетово се обидел и да ги прегази сообраќајните полицајци.

При инцидентот полицајците испукале и предупредувачки куршуми во воздух.

-Околу 23 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово, вршејќи службени дејствија, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Требошки надвозник, запреле патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот М.Р. од тетовско Мерово, а во кое се наоѓало уште едно лице.

По запирањето, М.Р. го стартувал возилото и се обидел да прегази двајца полициски службеници, оштетил две службени возила на СВР Тетово и се оддалечил од местото, додека од полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен кумановец по напад на полицаец

Редакција

„Мажиште“ од Скопје натепал жена по конфликт за паркинг место

Редакција

Десет лица приведени при контрола на седум угостителски објекти во Скопје

Редакција