еМагазин
Image default
Македонија

52 нови случаи на Ковид-19 и двајца починати во Тиквешко за 24 часа

Здравствен и просветен работник се меѓу новозаболените во Кавадарци, а две лица со Ковид-19 починаа.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Починатите лица со Ковид-19 од Кавадарци се на возраст од 65 и 68 години, појасни Јовановски.

Тој додаде дека изминатите 24 часа евидентирани се нови 52 случаи позитивни на коронавирусот во Тиквешко. Најмладиот има 16 години, а најстариот е на 81-годишна возраст.

Од Кавадарци се 38 случаи, од Росоман пет, од Неготино седум и од Демир Капија два.

Јовановски додаде дека се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел нивна изолација.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Куманово во однос на корона вирусот

Редакција

(Фото) Македонија и Бугарија за првпат заедно го чествуваат Свети Климент Охридски

Редакција

Регистрирани 485 прекршоци за неносење на маски

Редакција