еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонија и Бугарија за првпат заедно го чествуваат Свети Климент Охридски

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков во рамки на денешните активности во Скопје по повод одржувањето на бизнис форумот меѓу двете земји, остварија и посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Како што соопшти МНР, при посетата на библиотеката, министрите ја разгледале богата колекција на уметнички дела – изложба посветена на 50-годишнината од пуштањето во употреба на специјалниот наменски објект на НУБ „Св. Климент Охридски“, дело на архитектот Петар Муличковски, како и изложба на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен Св. Климент Охридски од колекцијата на Климе Коробар.

Во рамките на посетата, положувајќи цвеќе, двајцата министри заеднички го чествуваа ликот и делото на Св. Климент Охридски, кој воедно е патрон на Националната и универзитетската библиотека во Скопје.

Милков денеска во Скопје претходно најави дека согласно постигнатиот договор меѓу двете земји, заеднички ќе биде празнувана дејноста на Свети Климент Охридски.

„За првпат заеднички ќе ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски, ќе положиме цвеќе во знак на почит пред споменикот на Свети Климент Охридски, тој е еден од најпознатите ученици на светите браќа Свети Кирил и Методиј, кои ние ги почитуваме и го почитуваме нивното дело“, рече Милков на денешната прес конференција со Османи во рамки на бизнис-форумот „До една милијарда и понатаму“.

Според Милков заслугата за заедничкото чествување на Свети Климент Охридски е на заедничката историска комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ треба да функционираат нормално, вели бугарскиот министер Милков

Македонија не е втора бугарска држава, бугарскиот министер Милков се огради од изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Португалија на шест месеци се откажува од наплатата на ДДВ на основните прехранбени производи

Редакција

Парите за субвенционираниот оброк, студентите ќе ги добиваат неделно

Редакција

Нови 447 случаи на Ковид-19 од 3.034 тестирања

Редакција