еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Парите за субвенционираниот оброк, студентите ќе ги добиваат неделно

Студентите од денеска парите за субвенциониран оброк ќе ги добиваат неделно односно 840 денари вкупно за шест дена во неделата наместо дневната исплата од 140 денари.

Тоа е овозможено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк и на барање на студентските организации.

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк од денеска на својата трансакциска сметка ќе добива  840 денари наменети за купување производи за прехрана и парите ќе може да се искористат од понеделник до сабота.

„На овој начин се зголемува практичноста на законското решение кое досега предвидуваше исплата на 140 денари на дневна основа.

Нема промена во условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.

Рокот за пријавување на студентите кои досега не го оствариле ова право или не ги исполнувале критериумите, е од 1 до 5 секој нареден месец преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk,“ велат од МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Доктор Лазаров: Ковид-19 се детектира во ткивата повеќе месеци по инфекцијата

Редакција

На Дуа Липа не и е лут само Балканот, ќе трпи ли нејзината кариера?

Редакција

Диверзантска група застрела цело семејство со три деца, родителите и едно од децата починаа, информираше украинската амбасадорка Задоружњук

Редакција