еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Диверзантска група застрела цело семејство со три деца, родителите и едно од децата починаа, информираше украинската амбасадорка Задоружњук

„Четврти ден по ред Украина продолжува херојски да ја брани својата земја и да се спротивставува на неколкукратно поголемата армија на непријателот. Пресметката на рускиот режим да ја земе Украина за 6 часа и Киев за 2 часа не се оствари. Стоиме и ќе стоиме до крај,“ изјави украинската амбасадорка во Македонија, Наталија Задоружњук на денешниот брифинг со македонските медиуми.

Таа информираше дека во близина на Нова Каховка, руските сили застрелале автомобил во кој патувало семејство и убиле пет лица, меѓу кои две деца.

„Тенкови на Русија пукаа врз цивилен автобус. Диверзантска група застрела цело семејство со три деца. Родителите и едно од децата починаа. Другите две деца се во болница со тешки повреди.

Тоа се случи во Киев на улицата Олена Телига, во близина на Бабин Јар, каде што пред 80 години нацистите убиваа цели семејства, вклучително и мали деца“, вели украинската амбасадорка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина прифатила да се сретне со руска делегација на границата со Белорусија

Фото: Украинска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски

Редакција

Кој се е во менаџментот на М-НАВ, кој според Синдикатот го оспорил изборот на кандидати за контролори на летање

Редакција

Детален преглед: Министерства и институции кои трошат најмногу пари од буџетот

Редакција