еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Солидарниот данок ја намали добивката на Макстил лани

Макстил АД Скопје лани остварил добивка пред оданочување од 402 милиони денари и истата е трикратно пониска од остварената во 2022 година, додека нето добивката изнесува 355 милиони денари, трикратно пониска од остварената во претходната година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Намалувањето на добивката во голема мера се должи на извршената задолжителна исплата на солидарниот данок во износ од 257 милиони денари, којшто беше пресметан во септември 2023 и кој не произлегува од оперативното работење на компанијата.

Дополнително, намалувањето на добивката во текот на овој пресметковен период во однос на остварената во текот на истиот период од минатата година се должи и на пониските продажни цени на готовиот производ во однос на цените во 2022 година.

Во овој период се остварени приходи од работење во износ од 8,44 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 98%.

Споредено со 2022 остварените приходи од работењето (11,25 милијарди) се пониски за 25%.

Намалените приходи воглавно се должат на намалувањето на продажните цени на нашиот готов производ, како и соодносот помеѓу директната продажба на Макстил и договорите за преработка

Остварените расходи во текот на 2023 година изнесуваа 7,59 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 92%.

Споредено со 2022 година остварените расходи од работењето (9,64 милијарди денари) се пониски за 22%, што воглавно се должи на намалувањето на трошоците на енергенсите пред се електричната енергија и природниот гас и влезните материјали во текот на овој период, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Duferco Skop SA ја зголеми сопственоста во Макстил

Солидарниот данок ја намали добивката на Макстил

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје

Редакција

Убава вест: Оздравени 51 пациенти од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Индискиот сој би можел да стане реалност кај нас во септември, вели Мехмедовиќ

Редакција