еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ треба да функционираат нормално, вели бугарскиот министер Милков

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, денеска на новинарско прашање дали смета дека треба да функционираат или да се затворат бугарските културни клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, рече оти се надева дека тие клубови ќе можат да функционираат нормално.

-Нивниот број се зголемува, и тоа е според мене е добар знак затоа што гледаат можност во овој тип на организација да ги истакнуваат своите интереси поврзани со нивната етничка идентификација и тоа што очекуваме од С Македонија е да биде обебедна нормална средина за функционирање на тие клубови и тие да функционираат во духот на разбирањето, да бидат мостови меѓу нашуте две земји, да не бидат повод за дополнителни поделби и за говор на омраза, така што очекуваме да има реакција и од страна на Владата, така што треба да се постигне едно европско решение и европско функционирање на овој вид здруженија, оцени Милков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија не е втора бугарска држава, бугарскиот министер Милков се огради од изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов

(Фото) Македонија и Бугарија за првпат заедно го чествуваат Свети Климент Охридски

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопственикот на „Луј Витон“, Бернард Арно стана најбогат човек на светот, Илон Маск симнат од тронот

Редакција

Во Штип не е проблем лебот да се продава по цена од 30 до 33 денари

Редакција

Полска не и дозволи на Украина да се вклучи во истрагата за падот на ракета врз селото Пржеводов

Редакција