Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека утрово во 07:45 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид било пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината И.Т. (53) од Белорусија.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.














