Приходите во државниот Буџетот до 31. јули изнесуваат 204,553 милијарди денари и истите бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период од седум месеци од претходната година, информираа од Министерството за финансии.
Приходите од даноци изнесуваат 117,963 милијарди денари и бележат раст од 10%.
Кај даночните приходи најголема реализација има кај Данокот на добивка – 16,687 милијарди денари, што е раст од 20,6%.
Од Данок на додадена вредност (ДДВ) се остварени 53,026 милијарди денари и приходите од овој данок се зголемени за 13,4%
Од Данок на личен доход се остварени 20,925 милијарди денари, а растот е 11,9%.
Од увозните давачки се остварени 9,361 милијарди денари и приходите од нив се зголемени за 10,3%.
Повратот на ДДВ кон компаниите во овој период изнесува 23,333 милијарди денари, што е раст од 3,5%.
Во овој период има капиталните расходи од 21,288 милијарди денари, што е раст од 39,6%.
За поддршка на проекти во домашните компании се трансферирани и 717 милиони денари кон Развојната банка.
Извршена е и исплата на 49,351 милијарди денари обврски по основ на стари долгови на странскиот пазар, како и 11,665 милијарди денари отплати кон домашни кредитори.
Во овој период се исплатени и обврзници по основ на денационализација од 308 милиони денари.














