Осум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Едно лице поради сериозноста на повредите веднаш било однесено на операција, останатите се задржани на Одделението за хирургија и на Одделението за ортопедија. Според информациите од болницата, останатите повредени се во стабилна состојба и се под постојан лекарски надзор.
Во верижниот судир учествувале четири возила, а сообраќајот на оваа делница е во прекин од 09:00 часот.
Веднаш по пријавата, на местото на несреќата интервенирале екипи на СВР Битола, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола и Службата за итна медицинска помош.
На местото на несреќата се врши увид.
Фото/Unsplash














