еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

55-годишен македонски државјанин загина во сообраќајка во Грција

55-годишен македонски државјанин вчера загинал во сообраќајка во Неа Санта, во близина на Кукуш, Грција.

Како што пренесе државната агенција МИА, сообраќајката била помеѓу два автомобили.

Едниот бил управуван од починатиот, кој директно удрил во друг, управуван од 44-годишна жена.

Интервенирале и пожарникари за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.

Во вториот автомобил се превезувале и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, и сите биле пренесени во болница.

Причините за несреќата засега не се познати, а започната е прелиминарна истрага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската ракометна федерација го суспендира Драган Начевски, поради наводна вмешаност во местење натпревари

Редакција

Пендаровски за неколку часа собра над 20.000 потписи

Редакција

Филипче апелираше граѓаните да ги откажат патувањата во Северна Италија доколку немаат итна потреба

Редакција