еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

58-годишен маж загина во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Кичево

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево, кај село Кладник вчера во 13:15 часот загина жител на Кичево.

Како што информира МВР, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во транспортен воз на граничниот премин Табановце

Редакција

Нов „хибриден напад“ врз Заев од лица кои се претставиле како Грета Тунберг

Редакција

Каков имот пријавил Марјан Ристески, новиот заменик министер за економија и труд

Редакција